Каевски: Ја унапредуваме слободата на медиумите, напредок за 33 места на листата на Репортери без граници

Заштита на слободата на изразување и медиумските слободи се еден од важните приоритети за Владата предводена од СДСМ. Од првиот ден од мандатот посветени сме на градење слободно општество каде правата и слободите на новинарите, на медиумите се неприкосновени. Доказ за успешноста на тие политики се и извештаите на реномирани меѓународни организации. Република Северна Македонија во 2022 година забележа скок од 33 позиции на листата на „Репортери без граници“ во однос на минатата година. Од 90тата, сега сме на 57тата позиција на листата, далеку пред многу држави од нашето соседство, истакна Дарко Каевски, портпарол и пратеник на СДСМ.
Во продолжение ја пренесуваме прес конференцијата во целост:

За разлика во време на 11 годишниот режим кога бевме категоризирани како заробена држава, кога се апсеа новинари и се затвораа медиуми, денес Северна Македонија постојано напредува кога станува збор за слободата на медиумите.

Институциите денес се многу повеќе транспарентни, а новинарите слободно ја вршат својата работа.

Сето ова за нас е дополнителен мотив уште повеќе да ја штитиме и унапредуваме слободата на говор и изразување.

Нека е честит 3 мај – Светскиот ден на слободата на медиумите.