Македонија одбележува 119 години од смртта на Гоце Делчев

0
298

Денеска се навршуваат 119 години од смртта на македонскиот револуционер Гоце Делчев. По тој повод македонски државни делегации ќе положат цвеќе на неговиот гроб во црквата Свети Спас во Скопје и пред спомениците, а во македонското собрание ќе биде доделена и државната награда „Гоце Делчев“. Денеска продолжува и вчера започнатиот научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“ во организација на Институтот за национална историја – Скопје при што свои реферати презентираат 46 еминентни професори и научници од земјава.

 

Радио Слободна Европа