Сите образовни институции во Косово, освен градинките, денеска ќе стапат во еднодневен штрајк поради неуспехот на Владата да одговори на нивните барања. Обединетиот синдикат за образование, наука и технологија (УСОНТ) најави дека наставниците од целата земја ќе заминат во Приштина за да бидат дел од протестот. Од синдикатот посочуваат дека жалат за ваквата состојба, но дека таа е последица на неподготвеноста на Владата за дијалог и посветеноста во решавањето на барањата, кои ги нарекуваат легитимни, а се однесуваат на работниците во образованието, од градинките до универзитетите, културата, но и во другите сектори.
Радио Слободна Европа