Стоилковски: Дали МВР премолчува вмешаност на Ариф Асани во пукање во Чаир заради коалицијата со ДУИ?

Наместо гарант за безбедност, МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминал и пресметки со огнено оружје среде Скопје!

МВР на СДСМ/ДУИ молчи и не открива дали е точна вмешаноста на заменикот – директор на Бирото за јавна безбедност Ариф Асани во престрелка меѓу полициски службеници со функции. Дали МВР премолчува факти и крие самоволие коешто доведува животи во опасност само и само да опстои коалицијата на СДСМ со ДУИ?

МВР на СДСМ/ДУИ молчи дали и дали е можно да дозволи лице да има физички контакт со полициски службеници, да пука пред полицајци поради контрола на автомобил, и тој што пукал да пуштен со асистенција на заменикот – директор на БЈБ? И сето тоа да се случува пред ресторан, околу 20 часот, среде булевар, при голема френквентност од луѓе, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Во продолжение ја пренесуваме изјавата целост:

Наместо извор и гарант за безбедност на граѓаните, МВР стана извор на небезбедност! Луѓе сведочат како среде булевар, човек пука во присуство на полиција заради контрола на возило, а потоа е пуштен заради можна интервенција на Ариф Асани вториот човек задолжен за јавна безбедност!?

МВР на СДСМ/ДУИ не кажува дали се точни информациите во медиумите, и со тоа поттикнува неказнивост за криминогено однесување и со тоа сее страв кај граѓаните, само и само да опстои власта на СДСМ?

МВР на СДСМ/ДУИ е извор на криминогени и мафијашки скандали, нивни началници партиски војници се фаќани како учествуваат во нелегална трговија и транспорт на дрога, нивни партиски пулени во полициска униформа влегуваат во престрелки со полиција при шверц на акцизни стоки, МВР на СДСМ/ДУИ е во сите светски извештаи како извор на пасоши за белосветски криминалци.

Колку жртви треба да паднат како резултат на државно заштитуваниот криминал за Оливер Спасовски, СДСМ и ДУИ да останат на власт? Неказнивоста на криминогеноста заради партиската припадност на СДСМ и на ДУИ е неподнослива. Премногу е!