ВМРО ДПМНЕ: Багерските единици во РЕК Битола претворени во подморници

Додека Бислимовски се обидува вината за покачување на цената на струјата да ја префрли на градоначалниците кои сакаат да ги спасат општините погодени од високата цена на електричната енергија, во РЕК Биотла повторно проблеми. Две од големите багерски единици SRS 630/1 и SRS 630/2 и неколку стотици метри тракасти транспортери се поплавени. Повторно се претворени во подморници и се целосно потопени од краткотрајниот летен дожд, реагираат од Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нивната реакција по денешната поплава во рудникот во РЕК Битола:

Хавариите во РЕК Битола станаа секојдневие. Нема ден да нема информација за сериозни дефекти во РЕК Битола. Вчера во текот на денот избил пожар во трансформаторот на багерската единица СРС 1300 која работи на откривање на јагленот.

Незнаење, нестручност и безредие се причините на кои се должи сето ова. Слаба организација, без контрола и квалитет, со нестручни лица на сите позиции. Одржувањето е заборавено или најверојатно се ангажираат приучени приватни компании за поправка, кои само перат пари за криминалниот картел на Заеви.

Влегува ли РЕК Битола во пеколно сценарио за брзо затворање?

Каде е одговорноста на највисокиот врв? Ова е веќе четврта поплава во последните години. Нема одговорност, нема професионалност во работата, едноставно РЕК Битола е пуштен да оди во распад. Организацијата на работата е во хаос.

Дали се случајни овие хаварии на багерските единици ?!? Дали се само алиби за ангажирање на скапа механизација на нарко бизнис картелот од Муртино, кој после бизнисот со марихуана сега се позиционира за преземање на бизнисот со електрична енергија?

Електрани на Македонија се распаѓа додека Директорот на АД ЕСМ го нема никаде. И додека чекаме одговор за тоа како шампионот на Енергетскиот тим на СДС, екс вицепремиерот фатен на дело од новинарски тим на ИРЛ како со кримналниот ГЕНСЕК на Заев, Рашковски си направиле стратегија за преземање на бизнисот за фотонапонските централи во Осломеј, жртвено јагне е Бислимоски. Неумешно пробува да го оправда енормното поскапување на електричната енергија.

Господине Бислимоски, престанете да го аминувате криминалот на оваа криминална банда. Одговорност ќе има и вие како најповикан ќе морате да одговорите на дел од овие прашања како пред јавноста така и пред органите на Судската власт.

ВМРО – ДПМНЕ ги повикува обвинителите да се позанимаваат со овие ‘’ случајни ‘’ хаварии кои се единствено оправдување за речиси 50 милиони евра испумпани во последните 6 месеци од Електрани на Македонија.

извор: ФБ Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

фото: ФБ Комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ