(ВИДЕО) Силно невреме на Алпите, повредени неколку лица

Временскиот фронт ноќеска се префрли од запад кон исток преку Швајцарија и Австрија. Неколку дрвја паднале на автопатот Тауерн во Салцбург, јави австриската телевизија ОРФ.

Чистењето на патиштата е отежнато поради густиот сообраќај за време на долгиот празничен викенд. Проблемите се зголемиле со затворањето на два тунели поради прекин на струја. Силниот ветер ги однел покривите на некои куќи, а подрумите биле поплавени поради обилните врнежи.

Околу 30.000 домаќинства во делови на Горна Австрија биле привремено без струја. Три лица се повредени во швајцарскиот кантон Вале. Две лица биле погодени од шатор однесен од ветрот, соопшти полицијата. Во Швајцарија, некои згради исто така биле оштетени од налетите на ветерот кој достигнал брзина од 132 километри на час, со град и силен дожд.

https://www.youtube.com/watch?v=AskVUWae_v0&feature=emb_logo

 

vesnik.mk