Социјалдемократската младина на Македонија ја поддржува иницијативата на студентите и младите, белиот луксузен дворец на ВМРО-ДПМНЕ да стане студентски дом, истакна Марко Михаилоски, претедател на СДММ.
Во продолжение ја пренесуваме изјавата во целост:
Одлична е можноста откако ќе се заплени овој имот и пресудата ќе стане правосилна, да се отвори јавна дебата и овој луксузен дворец да се отстапи на идните академски граѓни, на студентите од внтрешноста.
Откако ќе се отвори и јавна дебата со разговор помеѓу сите студенти и сите млади, СДММ стои зад овој предлог, за дворецот да стане студентски дом.
СДММ смета дека студентите заслужуваат студентски дом во строгиот центар на Скопје.