(ВИДЕО) Виена под вода

Обилните врнежи ги зафатија австриските алпски региони и оставија делови од Виена под вода за време на викендот, предизвикувајќи голема штета во делови од земјата и прекинувајќи ги патните и железничките услуги, соопштија властите.

Буици матна вода носеа автомобили низ ски-центарот Свети Антон во западна Австрија.

Во меѓувреме, рекордни количини на врнежи погодија делови од Виена на истокот од земјата, јави државната телевизија ОРФ.

Силните бури предизвикаа големи штети во многу делови на Австрија, објави на Икс австрискиот канцелар Карл Нехамер, заблагодарувајќи им се на официјалните лица кои работат на отстранување на штетите.

Пожарникарите во Виена вчера интервенираа повеќе од 450 пати бидејќи обилниот дожд предизвикаа хаос во сообраќајот и го прекинаа железничкиот сообраќај.