(ВИДЕО) Артан Груби прославата на 11 Октомври ја помина скролајќи на мобилен телефон

Централниот настан за одбележување на 11 Октомври – Денот на народното востание, се одржува кај Спомен костурницата во Куманово.

Празникот се одбележува под мотото „Непокор и слобода“.

Но, вниманието на јавноста се насочи кон Првиот вицепремиер Артан Груби кој за време на свеченоста и говорите и за време на уметничкиот перфоманс скролаше на мобилниот телефон. Очиглено ова го забелажаа и режисерите од МТВ кои го вршеа преносот па го тргнаа од кадар.