Паника во Загреб – Дојави за бомби во неколку трговски центри

0
238

Загребската полиција денеска добила пријави за поставени бомби во неколку трговски центри, потврди Полициската управа. Полицијата е на терен и ги презема потребните дејствија и мерки за утврдување на вистинитоста на пријавата и се грижи за безбедноста на граѓаните, информираат од ХРТ.

Новинарката на ХРТ Ива Магушиќ Думанчиќ известуваше пред Градскиот центар Еден Исток, во кој граѓаните се вратија. Во разговор со работниците дознала дека се евакуирани. Дојавата за бомбата пристигнала околу 9.30 часот, сите го напуштиле центарот, дошла полиција и за еден час граѓаните можеле да се вратат.

– Ова не е единствената дојава за бомби во трговските центри, се работи и за Гарден мол, Фамилија мол и еден центар на истокот од градот. Полицијата е на терен. Неодамна често има информации за поставени бомби во трговските центри – првата беше во април за бомба во Арена центарот, а во мај беше дојава за бомба во Авенија мол. Сите извештаи беа лажни и немаше повратни информации од полицијата за сторителите, рече таа.

извор: ХРТ

фото: Index