Се огласи и Еди Рама: За смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје

0
397

Премиерот на Албанија, Еди Рама се огласи на соцојалните мрежи по повод реакциите во јавноста на неговата иронична и саркастична шега на самитот во Солун, кога при претставувањето на Димитар Ковачевски на Олав Шолц како премиер на Северна Македонија, се уфрли и рече во иднина „Западна Бугарија“.

-За ​​смеење и плачење е хистеријата на некои во Скопје кон премиерот Ковачевски, по објавувањето на видеото од ракувањето со канцеларот Шолц во Солун, каде ја иронизирав грдата блокада на Македонија од Бугарија! Кафанска кавга среде чадот од ќофтињата, стои во Твитер објавата на албанскиот премиер Еди Рама.

извор: Твитер Еди Рама