Мицкоски: Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија! Денес се извојува важен ден за нашата МПЦ-ОА

0
543

Црквата е еден од важните столбови на кои се темели нашето идентитетско распознавање!

Силна и интегрирана Црква е прилог кон стабилноста и долговечноста на нашата Македонија, напиша на својот ФБ профил Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, христијан Мицкоски.

Во продолжение ја објавуваме објавата на Мицкоски во целост:

Сме се соочувале со бури и ветришта, но секогаш кога сме биле обединети помеѓу себе, заедно со народот, секогаш кога сме се бореле заедно, сме победувале и сме надминувале сѐ!

Така е и денес кога се извојува важна победа за нашата МПЦ-ОА!

Нека биде за многу години и за слава на народот, граѓаните и нашата Македонија денешната заедничка историска литургија на поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан со Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, во седиштето на Вселенската Патријаршија.

Да бидеме обединети и силни на страна на интересите на Македонија!

На многаја лета…

извор: ФБ Христијан Мицкоски

фото: Архива