Сојузот на синдикати на Македонија денеска организира генерален штрајк во јавниот сектор бидејќи, како што нагласуваат оттаму, не се исполнети нивните барања за линеарно зголемување на платите на вработените во јавниот сектор и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година. Претставници на ССМ и на Владата вчера разговараа во врска со барањата за линеарно зголемување на платите на јавната администрација за 2.806 денари и исплата на К-15 во висина од 30 до 100 проценти од платата од наредната година. Како што информираа од ССМ, состанокот бил на предлог на Владата. Бидејќи не бил постигнат договор со Владата, јавната администрација стапува во генерален штрајк.
Радио Слободна Европа