Од четврток нови врнежи , локално поројни проследени со грмежи а на планините снег

0
142

Под влијание на нов влажен бран од утре вечер, а особено во четврток на повеќе места низ Македонија ќе има нови врнежи од дожд на пониските места, како и врнежи од снег на планините со надморска височина од над 1400- 1500 метри.

Сепак овој пат локално повторно врнежите ќе бидат обилни и поројни и проследени со грмежи како и со засилување на ветерот. Значи очекуваме појава на нестабилност, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.