Авион кој лета на релација Хамбург-Скопје кружи над скопската котлина и не може да слета на скопскиот аеродром, објави Република.
Густата магла и намалената видливост се причините поради кои авионот на Wizz Air не може да слета на аеродромот.
По 11 неуспешни обиди за слетување, летот беше пренасочен кон Приштина.
И во текот на вчерашниот ден имаше слични ситуации, при што авионите слетуваа во Приштина.
извор: Република.