Министерот за економија, Крешник Бектеши, во емисијата „24 анализа“ на телевизија 24 изјави дека е точна информацијата дека ДДВ-то ќе се зголеми за 10% од тоа што беше 5%. Тие 5% беа како мерка од владата за справување со енергетската криза.
Согласно новите пресметки има простор да се врати на 10%, а да нема негативен импакт во делот на цената на струјата за домашинствата и малите потрошувачи. Сите капацитети во државата се во функција, освен третиот блок, имајќи предвид дека има потешкотии во делот на трансформаторот и тој треба да пристигне наскоро и да се транспортира до Битола.
-Сите капацитети ќе бидат во функција и тоа ни дава простор за енергетски пресметки и утре ќе имаме дополнителен состанок на кој ќе одлучиме за цените кои ЕСМ треба да ги понуди кон универзалниот снабдувач ЕВН. Секако цената ќе биде во интерес на граѓаните особено оние кои штедат. Корекција на цената секако ќе има. Цената за дистрибуцијата за пренос на струјата ќе биде намалена – изјави Бектеши.
извор: „24 анализа“