Независниот синдикат на здравствени работници, експресно, енергично и остро реагира во јавноста за настанот во ГОБ „8-ми Септември“, напад со нож врз здравствен работник.
Преку јавните гласила портали, социјални мрежи,ТВ и новинарски куќи, на насилните и нервозни граѓани кои имаат потреба од здравствена заштита, да ги остават пиштолите и ножевите во своите домови и возила, и во здравствените институции да бидат ненаоружани и психофизички да се подготвени да им се решаваат здравствените проблеми.
Директорите на ЈЗУ преку физичкото и мониторинг обезбедување, бараме зголемување на безбедноста на здравствените работници за време на работа во здравствените институции.
Извор: Независен синдикат на здравствени работници