Негативен е тестот за мајмунски сипаници за тестираниот втор сомнителен случај

0
324

Негативен е тестот за мајмунски сипаници за тестираниот втор сомнителен случај.

Ова денеска на прес конференција го истакна претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Александар Петличковски.

Тој вели дека за првиот случај се уште немаат примерок и се организира тестирање.

„Од двата сомнителни случаи, вториот сомнителен случај од Инфективната клиника, кој е хоспитализиран денес, веќе е тестиран и резултатот е негативен. Додека од првиот пријавен случај за сомнителен, од Кичево, се уште немаме примерок и се обидуваме да го организираме тестирањето. Се надеваме дека до крајот на неделата ќе имаме резултат и од тоа тестирање“, вели Петличковски.

Фото: Архива