Тешка сообраќајка кај Зајас – Загинаа две жени

0
390

На 20.08.2022 година во 09,15 часот, на магистралниот пат Гостивар -Кичево кај кичевското село Зајас, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.И.(58) и патнички автомобил „голф“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(78), двајцата од Тетово. На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило. По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција. Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

извор: СВР Охрид