Силните поплави во северната пакистанска провинција Кибер Пахтунхва предизвикаа издигнување на реката Кабул, што уништи мост во текот на ноќта и остави некои населби без пристап до патишта.
Од јуни досега загинале повеќе од 1.033 луѓе, од кои 34 во последните 24 часа, а најмалку 1.456 се повредени, објави националната агенција за управување со катастрофи, а пренесува агенцијата Франс прес.
Horrifying footage from S. #Pakistan today of entire building washed away by floods. Over 935 people killed, more than 33 million affected, worst natural disaster for country in decades: pic.twitter.com/aO6ZMlQycf
— Joyce Karam (@Joyce_Karam) August 26, 2022
Во владиниот извештај од претходниот ден се вели дека 45 лица загинале во инциденти поврзани со поплавите меѓу петокот и саботата.
Многу делови на Пакистан станаа недостапни, а спасувачите се борат да евакуираат илјадници заглавени луѓе од областите погодени од поплавите. Провинциите Белуџистан и Синд се најпогодени области.
Видеата споделени на социјалните мрежи покажуваат како мостови, патишта и хотели тонат во вода и луѓе кои трчаат да ги евакуираат своите домови. Армијата била повикана да помогне во спасувањето во провинцијата.
Според локалните власти, околу 180.000 луѓе во областа Чарсада ги напуштиле своите домови поради страв од поплави. Некои жители, како што се наведува, ја поминале ноќта на автопатите со својот добиток.
Пакистанскиот министер за климатски промени ја нарече ситуацијата „хуманитарна катастрофа од епски размери предизвикана од климатските промени“.
Врвот на поплавите се очекува денеска, метеоролозите најавуваат монсунски период кој вообичаено трае од јуни до септември и е важен за наводнување и надополнување на залихите на вода на индискиот потконтинент, но секоја година носи неизвесност и уништување.
Пакистанската влада во петокот прогласи вонредна состојба и ја мобилизираше армијата да му помогне на населението.
видео: TWITTER