(ЖИВО) Обраќање на премиерот Ковачевски на настан посветен на Извештајот на ЕК

0
161

 

Премиерот Димитар Ковачевски ќе се обрати на настан посветен на Извештајот на ЕК: „На Европскиот пат: нови реформи, нови можности”, во организација на Секретаријатот за европски прашања.

 

 

На настанот ќе се обратат и претседателот Стево Пендаровски, чешкиот амбасадор Јарослав Лудва, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, како и на шефот на дипломатијата Бујар Османи.
Во рамки на настанот ќе се одржи панел-дискусија „Со сите капацитети до европски стандарди – институции кои испорачуваат за граѓаните„ а како панелисти, освен Маричиќ и Османи, најавени се и заменик-министерот за финансии Филип Николовски, претседателката на граѓанската организација ЕСТИМА – Здружение за развој на стратегии, истражување, едукација и промоција на меѓународни вредности, Ана Крстиновска и Андреја Стојковски, директор на „Преспа институт“.