Семејството од покојниот Шаулиќ шокирано, намалена казната на возачот кој ја предизвика несреќата

0
181

Само што семејството Шаулиќ го ожени Михајло, стигна и не баш пријатната вест. Имено, причинителот на сообраќајката во која загина кралот на народната музика Шабан Шаулиќ, Турчинот Алсин Левент, судот во Германија ја намали казната за три месеци поради тоа што судскиот процес траеше долго.

Алсин прво беше осуден на три години и три месеци затвор, а таа казна, според многумина, не била задоволителна. Семејството Шаулиќ сега првпат се огласи по скандалозната одлука на Окружниот суд во Гитерслох, пишува „Република“.
– Шокирани сме од информацијата. Не затоа што Шабан беше голема ѕвезда, туку затоа што беше сопруг, татко, дедо… Поднесовме жалба и не сакавме да одиме на судење затоа што не ни се допаѓа. Не можеме да разбереме дека германскиот правосуден систем не го почитува човечкиот живот – се вели во соопштението на семејството Шаулиќ.

Гордана Шаулиќ после се’ е присебна.

– Видов, што да ти кажам? Толку е мизерно, но самиот суд е мизерен. Под секаква чест, хуманост и достоинство е за два животи и еден инвалид, страшно! И ова сега… На стартот ни ја одбија жалбата, затоа што баравме повеќе, се жалеа, па го очекувавме овој исход – истакнува Гоца за „Пинк“.

– Знаете како, знаев дека најверојатно ќе го сретнат, тој сепак е нивни граѓанин, на тоа се сведува се’. Сепак, единствено што можам да кажам е одредено задоволство е тоа што еден германски весник на најчесен и најправилен начин напиша дека ова е срам и срам за германското правосудство. Ќе морам да разговарам со адвокат, но мислам дека немаме дополнителни жалби. Колку и да очекуваш некои работи, пак те удираат. Што значи тоа, влегуваш во кола издрогиран, пијан, без возачка дозвола, со два-три пати поголема брзина и убиваш две лица и едно осакатуваш, тоа покажува дека системот дозволува секој да убие некого, а не да го држат одговорни за тоа. Една голема трагедија што ги снајде три семејства, можев се да кажам, но еве, не сакам да кажам нешто сега што не треба.

Кобната сообраќајна несреќа се случи на 17 февруари 2019 година на автопатот кај градот Гитерслох. Пијан возач удрил одзади автомобил во кој биле Шабан Шаулиќ, Мирсад Кериќ и Слободан Стојадиновиќ.

 

vistina.mk