ВМРО ДПМНЕ: ХЕЦ Тиквеш мора да остане сопственост на државата, власта да се вразуми и да не ја дава гратис на инвеститорот во ХЕЦ Чебрен

0
277

ХЕЦ Тиквеш мора да остане сопственост на државата, власта да се вразуми и да не ја дава гратис на инвеститорот во ХЕЦ Чебрен.
ХЕЦ Тиквеш е хидроцентрала која е градена со народни пари, таа е исплатена и сега произведува струја за народот преку ЕЛЕМ која се движи од 7 до 12 евра за мегават час. Во време кога пикова струја каква што се произведува од истата чини над 200 евра за мегават час на берзата ХУПЕКС, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

Во продолжение на истото се додава:

ХЕЦ Тиквеш е и огромна акумулација од која зависат земјоделците во целата Тиквешија, најголемиот винарски регион во Македонија. И тие илјадници земјоделци не смеат да зависат од волјата и бизнис интересот на потенцијалниот инвеститор во ХЕЦ Чебрен, кога ќе сака да им пушти вода, а кога не.

ВМРО-ДПМНЕ поддржува изградба на ХЕЦ Чебрен, и како идна влада ќе помогне на потенцијалниот инвеститор, за се што е потребно како држава и влада, но владата на СДС мора да се откаже од намерата на истиот да му ја подари ХЕЦ Тиквеш.
ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи нов бомбона бизнис, овој пат во форма на мираз за потенцијалниот инвеститор за изградба на ХЕЦ Чебрен. И сериозно ќе се занимава за ревизија на таков договот доколку се случи, околу вклучувањето на ХЕЦ Тиквеш во целиот проект.

ХЕЦ Тиквеш е на народот и така треба да остане. Илјадници семејства зависат од водата на акумулацијата и се произведува евтина струја за домаќинствата.

извор: ВМРО ДПМНЕ