Трипуновски до Димковски: Се фалиш со нешто за кое и ти не веруваш дека е така, ако е толку добро во земјоделството зошто ви се случуваат протести секоја недела?

Наместо СДС и Трајан Димковски да кажуваат лаги и манипулации во кои и тие самите не веруваат, треба да кажат пред јавноста зошто субвенциите се уште не се исплатени, зошто е намален сточарскиот фонд и зошто од Македонија направија увозно зависна земја од храна?

Ако навистина е толку добро како што се фалат тогаш зошто секоја недела има по најмалку еден протест од земјоделците како резултат на незадоволство од негрижата и незаинтересираноста на владата на СДС, Љупчо Николовски и Димитар Ковачевски?
Денеска за жал додека владата живее богато, земјоделците едвај преживуваат. Секоја гранка во земјоделството ја уништивте. Единствената вистината е дека македонскиот земјоделец никогаш порано не бил волку потценет и омаловажуван, напиша на својот ФБ профил Цветан Трипуновски од ВМРО ДПМНЕ.

Во објавата Трипуновски додава:

П.С. Трајан ти порачувам наместо да држиш прес конференции, можеби е подобро да им се придружиш на земјоделците и директно од нив да ги слушнеш проблемите со кои се соочуваат,. А да и не би било лошо да го повикаш најнеспобниот министер Николовски кој наместо да шета по белиот свет да почне навистина да се грижи за земјоделците.

Земјоделците повеќе не ви веруваат, прочитани сте и затоа бегате од предвремени парламентарни избори.

извор: ФБ Цветан Трипуновски