Ретко се раѓа второ дете, населението се топи – катастрофална демографска статистика

0
297

Во 2000 година во Македонија се родиле 26.168 деца. Истата година починале 17.085 луѓе, што значи дека во таа година природниот прираст бил 9.083. Поразителен демографски податок е тоа што се случило со природниот прираст во наредните две децении, анализира Пари. Бројот на умрените постојано растел, а бројот на родените се намалувал. Кулминација се случила со 2020 година како пандемиска, кога се регистрирани дури 25.755 умрени, а истата година се родиле 19.031 деца, со што е остварен негативен природен прираст, односно бројот на умрените е поголем од бројот на родените за 6.724! Но, дури и да ја изземеме оваа пандемиска година, се соочуваме со лош демографски тренд. Имено, негативниот природен прираст за првпат е забележан во 2019 година кога се родиле 19.845 деца, а починале 20.446 македонски жители, односно природниот прираст бил во негатива за 601 жител.

 

Како се движел природниот прираст низ годините?

 

2000 ГОДИНА

2010 ГОДИНА

2019 ГОДИНА

2020 ГОДИНА (ПАНДЕМИЈА)

Родени

26.168

24.296

19.845

19.031

Починати

17.085

19.113

20.446

25.775

Природен прираст

9.083

5.183

‒ 601

‒ 6.724

 

ШТО ЗНАЧАТ ОВИЕ БРОЈКИ?

 

Кога се намалува бројот на родени деца, постепено се намалува најважниот потенцијал во едно општество и во една економија – човечкиот потенцијал. Истовремено, природата го прави своето со старото население и, колку и да звучи сурово, со тоа се намалува притисокот врз пензискиот фонд. Со намалениот број на новородени, се намалува и работната сила која треба да е носител и на тековната економска активност во една земја, но и алиментирањето на даночниот систем, па со тоа и на пензискиот фонд. Згора на тоа, состојбата станува уште покомпликувана со иселувањето на младите луѓе.

 

Статистичките податоци покажуваат дека стапката на фертилитет во 2020 година била 1,31 живородени деца на една жена. Значи, веќе ретко кој се одлучува на второ дете, со што постои голема веројатност дека негативниот демографски тренд ќе продолжи и во иднина, особено ако се земе предвид фактот дека бракот се склучува во повозрасните години. Истовремено, ДЗС регистрира и значително намалување на стапката на склучување на брак. Така, ако во 2008 година сме имале склучено 7,2 брака на 1.000 жители, во 2020 година имало 5 склучени брака на 1.000 жители.

 

МАШКИ ДЕЦА СЕ РАЃААТ ПОВЕЌЕ, И МАЖИ УМИРААТ ПОВЕЌЕ

 

Во изминативе 20 години статистичките податоци покажуваат дека бројот на родените машки деца постојано е поголем од родените женски деца.

 

Во однос на смртноста, исто така, таа е постојано поголема кај мажите отколку кај жените.

 

ПОЧИНАТИ

 

ПОЛ

2000 ГОДИНА

2010 ГОДИНА

2019 ГОДИНА

2020 ГОДИНА

Мажи

9.206

10.168

10.616

13.914

Жени

7.879

8.945

9.830

11.841

 

РОДЕНИ

 

ПОЛ

2000 ГОДИНА

2010 ГОДИНА

2019 ГОДИНА

2020 ГОДИНА

Мажи

13.627

12.631

10.276

9.765

Жени

12.541

11.665

 9.569

9.235

 

Целата анализа е достапна на: Пари