Трагедија во Белград – 14 годишно девојче почина пред училиште откако му се слошило

Трагедија денеска го потресе Белград, откако ученичка се пожалила на болки во главата, по што паднала и починала пред нејзиното основно училиште „Деспот Стефан Лазаревиќ“. Станува збор за 14-годишната М. М., на која наеднаш ѝ се слошило додека со другарките тргнала кон дома.

Иако Брзата помош веднаш пристигнала, докторите по долга и неуспешна реанимација констатирале смрт.

Засега не е позната причината за смртта. Полицијата ги проверува надзорните камери од училиштето.

фото: Архива