Пецаков од Дримската конференција: Програмата е од исклучително значење за обезбедување на одржливо управување со сливот на Охридското езеро

0
192

Од 25ти до 26ти овој месец во Тирана се одржа 9. Дримска конференција на која зедов активно учество.
Програмата е од исклучително значење за обезбедување на одржливо управување со сливот на Охридското езеро како и обезбедување на поглема прекугранична соработка во насока на заштитата и зачувување на овој уникатен природен басен, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.
Во објавата градоначалникот додава:

Се радувам што веќе сериозно имаме започнато да работиме на подобрување на капацитетот на сите засегнати страни за ефективно спроведување на активностите и носолодирање на институционалните, политичките и правните рамки за решавање на прекуграничните прашања.

извор: ФБ Кирил Пецаков