Затвореник преку мајката на друг затвореник во Штип организирал внесување на хероин во затворот

СВР Штип поднесе кривична пријава против З.К.(52) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Во септември 2022 година, додека пријавениот издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Штип, организирал набавка и внесување на хероин во затворот.

На 10.09.2022, дрогата била пронајдена при проверка на пакет донесен од мајка на друг осуденик.

infomax.mk