Османи: Треба да се провери кој стои зад македонскиот клуб во Благоевград

0
233

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, за БТВ изјави дека треба да се види кој стои зад отворањето на македонскиот клуб во Благоевград, но и во Македонија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Османи, тоа треба да се провери, внимавајќи на чувствителноста на билатералните односи и да се види дали навистина има добронамерност или се дел од туѓа агенда.

ВМРО во Бугарија најави дека во недела ќе организира протест во Благоевград, а воедно се очекува навивачите на фудбалскиот тим „Пирин“ да прослават 100 години од неговото формирање. Полицијата во Благоевград презема мерки за да спречи ескалација на овие настани, најави полицискиот комесар во градот Димитар Ичев.

Македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ од Благоевград го најави свеченото отварање за 30 октомври.

извор: МИА