Пилотите успеале да слетаат авион погоден од гром.
Имено, при ударот од громот авионот изгубил дел од носот, односно предниот дел. За среќа, никој не е повреден, пишува специјализираната веб-страница Aviation source news.
Авионот А320 на јужноамериканската авиокомпанија Латам ерлајнс, кој летал од Чиле до Парагвај, влегол во силна бура. Поради временските услови, дел од трупот на авионот буквално бил отсечен.
На видеата на социјалните мрежи се гледа како патниците се во паника поради силните турбуленции.
4news.mk