Познатиот и реномиран македонски кардиолог Сашо Кедев е злоупотребен во измислено интервју кое е постирано на Фејсбук и Инстаграм страна со само 1 следбеник, и истото како спонзориран пост се врти на социјалните мрежи.
Во измисленото интервју кое не е напишано ни на литературен Македонски јазик и во кое се користат фотографии од Сашо Кедев вадени од интернет, злоупотребено е името на познатиот доктор кој наводно препорачува одреден народен лек, бидејќи како што стои во лажното интервју Кедев не препишувал таблети на пациентите.
„Немањето исаф“ во лажењето на луѓето со цел да се продаде некој си производ оди до таму што во лажното интервју стои дека Кедев кажал дека со овој „препарат“ луѓето ќе живееле по 120 години.
И претходно други имиња од јавниот живот кои не се прославиле во здравството како поранешниот минситер Никола Тодоров беа користени во лажно кампањи за продажба на лекови за габи на ноктите.