Племе од Перу зароби 150 туристи, меѓу кои и деца

0
420

Група од областа Ураринас во Амазонската провинција Лорето објави дека целта на нивниот чин е да се прошири свеста за загадувањето предизвикано од излевањето на повеќе од 2.000 тони сурова нафта во реката Чининико од нафтоводот Норперуано.

Тој нафтовод е изграден пред четири децении, а премиерот Анибал Торес го обвини домородното население дека самите го оштетиле, јавува Би-Би-Си. Приведените туристи, меѓу кои има и Европејци и Американци, не биле повредени или физички малтретирани, јавуваат локалните медиуми.

„Мора да надвладее правото и почитувањето на животот. Во таа светлина ќе обезбедиме средства за луѓето да можат да се вратат на своите дестинации. Тоа ќе биде пред пладне“, изјави шефот на домородната група Вотсон Трухило.

Една од туристките, Ангела Рамирез од Перу, по телефон изјавила дека се уште не слушнала никакви информации за времето на пуштање.

Туристите биле приведени додека пловеле со речни чамци, а меѓу нив имало едномесечно дете, лица со инвалидитет и трудница, рече таа.

 

vesnic.com