(ФОТО) Провокативна трага од прелетот на американски авион над руската поморска база во Сирија

Запрепастувачката провокација против Русија и нејзината војска изврши американскиот авион за полнење гориво KC-135 Stratotanker. Тој авион изврши маневар во близина на руската поморска база Тартус во Сирија.

Имено, според мапата на Flightradar24, патеката на авионот оставила провокативна трага, објави италијанската La Repubblica. Американскиот авион во близина на руската база нацрта – воздушен пенис.

Сè уште не е познато дали шегобијната провокација била примарна мисија на КЦ-135 или тој всушност полетал за да наполни гориво на други авиони. На тој начин Медитеранот стана сцена на нова провокација меѓу двете воени сили, од кои првата се случи во февруари, пред почетокот на руската инвазија на Украина, кога руски авион се доближи до авион на американската морнарица. .

 

 

vecer.press