Мицкоски: Заемот од 100 милиони го блокиравме затоа што со него се презема обврска да се затвори РЕК Битола и Осломеј и остават на улица 4000 вработени

0
178

Од СДСМ ме обвинија дека во услови на криза по мој налог пратениците на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ блокирале Закон за заем од 100 милиони евра за справување со енергетската криза (слика 1). Истовремено преку нивните инсталации во опозицијата повторно ме обвинуваат дека ВМРО-ДПМНЕ недоволно блокирало во парламентот и бараат од нас да го напуштиме парламентот. Хммм… платеници и стопани, а каква е вистината, напиша на својот ФБ профил претседателот на ВМРИО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во објавата Мицкоски додава:

Имено, коалицијата СДСМ/ДУИ предлага Закон за заем од 100 милиони евра во парламентот (слика 2). Заем за кој гарант е државата под услови и рокови дефинирани со Договорот за заем.
Кои се условите (слика 3)?
Каматната стапка на заемот е: шест месечен еурибор (моментално е околу 2,3%) + маргина од 1% + еднократна провизија од 1% или вкупно околу 4,3%. Како ќе ги троши парите од заемот ЕСМ (поранешно ЕЛЕМ), слика 4?
20 милиони евра за оперативни трошоци55 милиони евра за набавка на струја (ако доволно произведуваат струја како што тврдат овие пари не им се потребни)24 милиони евра за сервисирање на долгови (веќе доспеаните обврски од тендерите во четири очи)1 милиони за еднократната провизија.
Каква обврска превземаме со заемот (слика 5 и 6)?
Затворање на ТЕЦ Осломеј до крајот на 2023 година, затворање на РЕК Битола до крајот на 2027 година и пуштање на нов капацитет ЕСМ или во приватно партнерство со приватен инвеститор до крајот на 2025 година со инсталиран капацитет од 210 MW (тоа значи за 3 години да се испроектира, изгради и пушти во употреба капацитет кој денес никој не го гледа, а за кој изминативе 5 години влада на сдсм/дуи никој не слушнал).Блокираме за да спасиме 4000 директни работни места и најмалку двојно повеќе индиректни работни места. Блокираме за да го спасиме столбот на сувереноста на Македонија, РЕК Битола од затварање. Продолжуваме со активната блокада за спас на Македонија и граѓаните на Македонија.
Порака до власта: Со секој изминат ден сте чекор поблиску до нов криминал и поголема одговорност. Спасете ја Македонија од дополнително уништување, барем еднаш оставете го личниот интерес на страна и да одиме на предвремени избори. Народот да одлучи во каква Македонија сака да живее!

Доаѓа денот за одговорност….

извор: ФБ Христијан Мицкоски