Успешна акција на турски МИТ: Неутрализиран Кајса Берхо Сулајва, терорист на ПКК

Националната разузнавачка служба (МИТ) на Туркије во операција во Сирија го неутрализираше ирачкиот државјанин Кајса Берхо Сулајва, со кодно име „Азад“, таканаречен шеф на покраината Ајн Иса на терористичката организација ПКК/ЈПГ, известува Агенција Анадолија (АА).

Според информации добиени од безбедносни извори, терористот Сулајава, кој во 2013 година ѝ се приклучил на терористичката организација ПКК, во почетокот вршел терористички активности во Синџар во Ирак, а потоа во регионот на Тел Тамир во Сирија.

Терористот Сулајва бил одговорен за тешкото вооружување во регионот Хасака во Сирија, а во текот на 2017 година е преместен во регионот Рас ал Ајн – Тел Тамир.

Сулајва организирал терористички напади против безбедносните сили во операцијата „Извор на мирот“ што ја спроведуваа Турските вооружени сили во 2019 година. МИТ го неутрализираше овој терорист во регионот Ајн Иса во Сирија.

ПКК е сепаратистичка терористичка организација која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, Европската Унија и САД. Во текот на повеќедецениската терористичка кампања против Туркије, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).