ЕУ: Приштина веднаш да го одложи процесот на пререгистрација на возилата

0
250

Портпаролот на Европската Унија, Петер Стано ги повика властите во Приштина веднаш да ја одложат примената на одлуката за регистарските таблички и продолжување на процесот на пререгистрација на возилата.
„Албаниан пост“ јавува дека претставникот на ЕУ побарал од Приштина да запре со казнување на граѓаните кои имаат автомобили со српски регистарски ознаки.

„Тоа значи продолжување на процесот на пререгистрација на возилата веднаш“ истакнал Стано за „Албаниан пост“.

Тој исто така рекол и дека двете страни имаат одговорност да обезбедат мир и да се воздржат од акции кои ќе значат ескалација на тензиите.

Повлекувањето на српските претставници од косовските институции за портпаролот на ЕУ не е решение за актуелните спорови, но, како што рече, има потенцијал за ескалација на терен.

Стано потсетил и на обврските на косовските институции да го спроведат договорот за формирање на Заедница на српски општини.

фото:Агенција Анадолија (АА)