Настанат шумски пожар

0
199
Пожарот е пријавен во попладневните часови на 04.11.2022. од страна на дежурниот Реонски шумочувар во Шумско стопанската единица Крива Круша Тополка на Јакупица и е со потег од Долно Бегово до место викано Биков Гроб на едната страна, односно се спушта на другата страна до изворите на река Тополка, место викано Пет колиби.
И покрај сите напори на вработените од подружницата Бабуна од Велес, кои се справуваа со огнената стихија до доцните вечерни часови со придружна механизација за расчистување на теренот, како и присутни мештани, кои се вклучија во гасењето, пожарот не е локализиран и денес на 05.11.2022г. Со пожарот зафатена e и гори букова шума, на поголема површина.
За настанатиот пожар, Подружницата Бабуна -Велес постапи согласно Оперативниот план за заштита од пожари, при што се известени сите релевантни институции.
После паднатата поголема количина на дожд во текот на ноќните часови и направената контрола од страна на реонскиот шумочувар во раните утрински часови, на ден 06.11.2022г. шумскиот пожар е целосно изгаснат и локализиран.
ЈП Национални шуми