Конечно знаеме колку нервни завршетоци има клиторисот, а веројатно и пенисот

Научните истражувања кои се фокусираа на клиторисот во минатото, во најмала рака беа скептични, па дури и она малку што го знаеме за него се чини дека не е целосно точно. Долго време се зборуваше дека клиторисот содржи околу 8.000 нервни завршетоци, двојно повеќе од пенисот, но новото истражување покажува дека ги има многу повеќе.

Студијата, која беше претставена во октомври и чии резултати се чекаат на рецензија, вели дека претходните студии за нервните завршетоци на клиторисот и пенисот земале податоци од постари студии на крави, чии резултати биле само „кооптирани“ за човечката анатомија.

За да биде целата работа побизарна, тие податоци се користат со децении. Блер Питерс, пластичен хирург на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Орегон, сметал дека конечно е време научниците да добијат точни податоци.

 

Питерс собрал примероци од ткивото на клиторисот од седум кандидати кои биле подложени на терапија за промена на полот.

 

Заедно со неговиот тим, преку детални микроскопски испитувања на ткивото, утврдил дека конечниот број на нервни завршетоци во клиторисот се движи од 9.852 до 11.086.

„Неверојатно е што повеќе од 10.000 нервни завршетоци се концентрирани во нешто толку мало како клиторисот. „Особено е изненадувачки кога ќе го споредите со други поголеми структури во телото“, вели Питерс.

 

На пример, медијалниот нерв што минува низ целата рака е познат по тоа што има висока концентрација на нервни влакна – околу 18.000 нервни влакна, но зафаќа многу поголема површина.

 

 

rts.rs