Американскиот претседател Џо Бајден им рече на гласачите во Пенсилванија дека поразот на демократите на среднорочните избори во вторник ќе има „децениски“ последици, додека републиканците, вклучително и неговиот претходник Доналд Трамп, рекоа дека очекуваат убедлива победа.
Како што пишува „Хина“. најголемите имиња во американската политика – Бајден, Трамп и поранешниот претседател Барак Обама ја посетија Пенсилванија во саботата со надеж дека ќе ја свртат рамнотежата во трката за Сенатот меѓу демократскиот гувернер Џон Фетерман и републиканскиот лекар и ТВ ѕвезда Мехмет Оз.
На митинг во Латроб, југоисточно од Питсбург, Трамп изнел низа обвинувања на сметка на демократите, почнувајќи од партиското справување со инфлацијата до образовните програми кои неговите поддржувачи ги сметаат за премногу прогресивни.
-Ако сакате да го запрете уништувањето на нашата земја и да го спасите американскиот сон, тогаш овој вторник треба да гласате за републиканци на џиновски начин, рече Трамп.
Сепак, анкетите покажуваат дека значителен број републикански гласачи го прифаќаат тоа тврдење, како и многу кандидати за Конгресот, гувернери и државни канцеларии кои ја надгледуваат изборната администрација.
– Ќе ја вратиме таа прекрасна куќа, изјави Трамп за претседателската трка во 2024 година.
lokalno.mk