Во Тирана маж ги држел затворени без вода и струја сопругата и синовите

Ѓерѓ Лачи (52) од Тирана е уапсен во неделата под сомнение дека сопругата и синовите со години ги држел затворени во куќата и им забранувал да имаат контакт со надворешниот свет.

Како што пишуваат албанските медиуми, Лачи со години живеел во Италија, а потоа се вратил во родната Албанија, каде заедно со семејството живееле во мизерни услови. Тој повеќе од една година не ги пуштал своите синови, кои имаат 15 и 17 години, да ја напуштат куќата, додека неговата сопруга шест години не смеела да излезе од дома.

Семејството го држел затворено во куќата под изговор дека „ќе се заразат ако излезат надвор“. Тој, според медиумите самиот не излегувал од дома во изминатите шест месеци, а храната ја обезбедувало неговото семејство, а понекогаш и неговиот брат.

Куќата во која ги држел затворени жената и момчињата немала ниту струја ниту вода, а ролетните секогаш биле спуштени на прозорците за да не влезе ниту светлина.

Соседите вели дека го гледале само во петок како излегува од дома за да оди на молитва. Сепак, како што тврдат, и тој не излегувал околу шест месеци.

Властите, според написите, биле однапред предупредени дека Лачи има „радикални ставови“, а загрижените соседи повикале полиција кога забележале дека момчињата подолго време не излегуваат од дома.

 

24info.mk