(ВИДЕО) Авиони се судрија во воздухот, делови расфрлани на автопатот во Тексас

0
270

Два авиона се судрија во воздухот за време на аеромитингот “Крилја над Далас”.

Два авиони се уништени во судир во воздух на аеромитинг во Далас, Тексас. Патеките на летовите на бомбардерот Б-17 и помалиот борбен авион се вкрстиле, што резултирало со катастрофална несреќа. Летале над аеродромот кога се случила несреќата.
Видеоснимките покажуваат дека Б-17 со четири мотори летал ниско над аеродромот во Далас кога помалиот авион – Бел П-63 Кингкобра – со голема брзина му го пресекол патот. Двата летала се распаднале при ударот и експлодирале кога паднале на земјата.

Сведоците велат дека делови од авионите биле расфрлени на автопатот во Тексас. Видеата кои се појавија на мсоцијалните мрежи покажаа црн чад по несреќата.

Не е познато колку луѓе се повредени.

видео: TWITTER