Денеска на британските воени гробишта во Скопје оддаваме почит на сите паднати борци во сите војни, напиша на својот ФБ профил министрката за одбрана Славјанка Петровска.
Во објавата Петровска додава:
👉Овие херои ја направија најголемата жртва, ги дадоа своите животи за она што е најдрагоцено за сите нас – мирот и безбедноста.
🙏Минатото нека ни биде поука, особено денеска кога повторно Европа се соочува со воена агресија на сопствено тло, дека нема подрагоцено и поважно нешто за секој човек од мирот и цивилизациските вредности.
извор: ФБ Славјанка Петровска