Најмалку едно лице загина, а неколку луѓе се повредени во експлозија на прометна пешачка улица во центарот на Истанбул, јавува Ројтерс, повикувајќи се на изјави на локалниот гувернер, објавени снимки и турски медиуми.
BREAKING: Explosion hits Istanbul's Taksim Square, causing an unknown number of casualties
— BNO News (@BNONews) November 13, 2022
Дејли Сабах објави дека најмалку 11 лица се повредени во експлозија во областа Бејоглу во Истанбул, пишува Дејли Сабах.
Гувернерот на Истанбул Али Јерликаја изјави дека има загинати и повредени, но не кажа колку.
По експлозијата улицата била затворена.
Авенијата Истикал е популарна и кај туристите и кај локалното население и е полна со ресторани и продавници.
Експлозијата се случила околу 16:20 часот по локално време.
Видео: TWITTER