Уапсено едно лице осомничено дека поставило бомба во Истанбул

Турската полиција уапси едно лице осомничено дека поставило бомба што во неделата експлодира во пешачка зона во центарот на Истанбул, при што загинаа најмалку шест, а беа повредени десетици луѓе.

Бомбата експлодираше во неделата околу 16:20 часот по локално време на авенијата Истиклал, улица со бројни кафулиња, ресторани, кина и продавници.

Според моментално достапните податоци, најмалку шест лица загинале во експлозијата, а 81 лице е повредено, од кои двајца потешко.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го осуди „кукавичкиот напад“ во неделата. „Првите информации упатуваат на заклучок дека се работи за тероризам“, рече Ердоган. Тој не спомна ништо за тоа кој би можел да стои зад нападот, но посочи дека тој „мириса на тероризам“.

Се уште никој не ја презел одговорноста за нападот.

 

 

vesnik.com