Битолчанец паднал во реката Драгор, се здобил со повреди

31-годишен битолчанец вчера паднал во коритото на реката Драгор, при што се повредил и бил пренесен во болница, соопшти МВР.

„На 12.01.2023 во СВР Битола е пријавено дека во коритото на реката Драгор во Битола, во близина на дрвеното мовче, паднало машко лице. Интервенирале полициски службеници и припадници на Територијалната противпожарна единица Битола“, велат од полицијата.

И.Ј.(31) бил извлечен и пренесен во Клиничка болница Битола, каде му биле констатирани телесни повреди.

slobodenpecat.mk