Во средата вечерта малку по 22 часот на подрачје на скопски Чаир од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода Г.К. од Скопје, затоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, односно постапувал по пријава дека мажот физички ја нападнал својата сопруга.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.