Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, ќе престојува во посета на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, кадешто утре – 06.05.2023 година, сабота, во Вестминстерската опатија, во Лондон ќе присуствува на церемонијата на крунисување на кралот Чарлс Трети, соопштија од Кабинетот.
На крунисувањето се поканети шефови на држави со кои Лондон има целосни дипломатски односи, како и претставници на британските региони и прекуокеанските територии.
Се очекува на церемонијата да присуствуваат шефовите на држави и претставници од голем број клучни британски сојузници и земји од Комонвелтот.
Анджеј Дуда, полскиот претседател, е првиот шеф на државата кој е потврден дека ќе присуствува на настанот.