(ФОТО) Се омажи помалата ќерка од Трамп, направија бајковита свадба, a Трамп позираше со двете сопруги

Тифани Трамп и Мајкл Булос си го кажаа судбоносното „Да“ на бајковита свадбена прослава во Мар-а-Лаго, приватниот ресорт на Доналд Трамп во Флорида.

29-годишната невеста носеше раскошна креација од либанскиот дизајнер Ели Сааб, а до олтарот ја одведе нејзиниот татко, кој е поранешен претседател на САД.

На спектакуларната церемонија на помалата ќерка на Доналд и на 25-годишниот милијардер присуствуваа 250 гости.

И мајката на Тифани, поранешната актерка Марла Мејплс, носеше креација на Сааб.

На пробата за свеченоста, Доналд позираше со сегашната сопруга Меланија и со поранешната сопруга Марла и привлече големо внимание.