Руското Министерство за надворешни работи на 14 ноември го негираше извештајот на Асошијтед прес дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров бил пренесен во болница. За руското министерство извештајот е „врв на невистината“.
Претходно Асошиејтед прес јави дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров е пренесен во болница откако претрпел здравствен проблем по неговото пристигнување на самитот на Групата 20 на Бали.
Тројца индонезиски владини и медицински претставници за Асошиејтед прес изјавија дека рускиот дипломат се лекува во одморалиште на островот. Тие одбија да бидат идентификувани, бидејќи не биле овластени јавно да разговараат за ова прашање. Двајца од луѓето рекоа дека Лавров се лекува од срцева болест.
Радио СЛободна Европа