Студентите излегоа пред Собранието да бараат подобри студентски услови. Тие бараат да се зголеми износот за студентски оброк, да се израмни сумата за стипендии, да се реновираат студентските и да се изземат студентите од штедење.
Со транспаренти на кои пишува „Од капитализам до канибализам“, „Студентски (оброк) глад“, „Студентски оброк или политички облог“, стотина студенти протестираат пред Собранието.
Од „Студентски отпор“ велат дека во период во којшто треба да се донесе буџетот за 2023 година, нивните првични барања од кои не отстапуваат се:
– Издвојување на средства од буџетот за зголемување на износот на субвенционираниот студентски оброк од 120 денари на 150 денари дневно, како и тргање на сите предложени нови критериуми за исполнување на правото на субвенциониранот студентски оброк;
– Издвојување на средства од буџетот за израмнување на сумата на стипендиите согласно измените од последното покачување на стипендиите;
– Издвојување средства за реновирање и обезбедување на нормални услови за престој во студентските домови, долгорочен план за формирање на „студентски градови” и стоп за најавената приватизација на студентските домови;
– Издвојување доволно средства за изземање на студентите од антикризните мерки на Владата за рационализација и штедење струја;
Велат нема да се откажат додека не се исполнат нивните барања.
фото: NEWS1.MK